Достапни линкови

Во САД уапсен Узбекистанец обвинет за тероризам


Американските власти во западната држава Ајдахо соопштија дека уапсиле маж од Узбекистан под обвинение за тероризам. Триесетгодишниот Фазлидин Курбанов бил уапсен во градот Бојзи, во рамки на истрагата за тероризам. Обвинението го товари дека помеѓу август 2012 и мај 2013 година, тој свесно склучил заговор со други за да обезбеди поддршка и ресурси, вклучувајќи компјутерски софтвер и пари на Исламското движење на Узбекистан, познато како терористичка организација. Неговите наводни соучесници не беа именувани.
Курбанов е обвинет и за поседување на нерегистрирана експлозивна направа и ширење информации во врска со експлозиви, бомби и оружјето за масовно уништување. Тој денеска треба да се појави во федералниот суд во Бојзи.
XS
SM
MD
LG