Достапни линкови

Првата група ирански муџахедини пристигна во Албанија


Во Тирана пристигна првата група од 14 ирански муџахедини од вкупно 210 колку што албанската Влада се согласи да прими. Официјална Тирана во средината на март годинава го прифати барањето на Соединетите Држави, во Албанија да се засолнат 210 муџахедини, од групата МЕК на муџахедини, кои се опозиција во Ирак. Веднаш потоа претставник на оваа група ја одби понудата и изјави дека не е прифатливо да им се даде азил само на една мала група. Американскиот Стејт департмент пак ја поздрави одлуката на Албанија да прими 210 припадници на организацијата Народни муџахедини на Иран (МЕК), кои престојуваат во бегалски кампови во Ирак.
XS
SM
MD
LG