Достапни линкови

Нови жртви во последниот напад на џамија во Ирак


Најмалку деветнаесет лица се убиени, а десетици се повредени кога бомбаш самоубиец ги детонирал своите експлозиви во шиитска џамија во северноирачкиот град Киркук, соопшти полицијата. Бомбашкиот напад следи по серијата експлозии кои вчера ги зафатија шиитските квартови во Бадгад. Во изминатите четири седмици насилството во Ирак се зголеми, што пак предизвика грижа за можни секташки судири во Ирак.
XS
SM
MD
LG