Достапни линкови

Започна средбата меѓу Обама и Ердоган во Белата куќа


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама се сретна со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа. Се очекува фокусот на разговорите да биде решавањето на конфликтот во Сирија. До средбата доаѓа на неколку дена по експлозиите на два автомобила бомби во Турција за кои Анкара ги обвини сиријските разузнавачки служби. На разговорите се очекува да стане збор и за израелско палестинскиот мировен процес, разоружувањето на курдските бунтовници и реунификацијата на поделениот Кипар.
XS
SM
MD
LG