Достапни линкови

Српските радикали со тужба против владата


Српската радикална партија денеска пред Специјалниот суд за организиран криминал поднесе тужба против поранешното и сегашното раководство на Србија, поради „цела серија на злосторства против уставното уредување и безбедноста на Србија“. Тие поднесоа тужба против претседателот Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ,вицепремиерот Александар Вучиќ, како и против поранешниот претседател Борис Тадиќ и поранешниот премиер Мирко Цветковиќ.
Според партијата, во тужбата се вклучени сите бидејќи биле добро организирано криминално здружение, чија цел е формирање на т.н. независна држава Косово на територијата на Србија.
XS
SM
MD
LG