Достапни линкови

СДСМ одби Камбовски да ја предводи ад-хок комисијата


Владо Камбовски

Владо Камбовски

СДСМ не го прифаќа предлогот професорот Владо Камбовски да биде претседател на ад-хок комисијата за настаните пред и на 24 декември во и пред Собранието, за што, како што соопшти, неколку пати се има изјаснето во разговорите за формирањето на комисијата. Според СДСМ, Камбовски со тоа што бил министер во влада предводена од ВМРО ДПМНЕ не гарантира дека неговиот ангажман во комисијата ќе биде објективен и непристрасен.
СДСМ обвинува дека претседателот Иванов свесно или несвесно зазема страна и презема улога која според политичкиот договор од 1 март воопшто не му припаѓа.
XS
SM
MD
LG