Достапни линкови

Попоски на министерска сесија на Советот на Европа


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Активностите на Советот на Европа во обезбедување долгорочна ефикасност на Европската конвенција за човекови права, политиката кон соседните региони и соработката со ЕУ биле во фокусот на 123-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур на која учествува и министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Според соопштението, Попоски во своето обраќање се осврнал на реформите и идното делување на Советот на Европа. Тој ја истакнал потребата од прилагодување на активностите на Организацијата во насока на изнаоѓање одговор на бројните предизвици со кои се соочуваат граѓаните во Европа, кои произлегуваат од растечката економска криза, недовербата во институциите и растот на екстремизмот.
XS
SM
MD
LG