Достапни линкови

logo-print

Камбовски предложен за претседател на експертската комисија


Владо Камбовски

Владо Камбовски

Aкадемик профeсор Владо Камбовски е предложен за претседател на експертската комисија за настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември во Собранието од страна на Кабинетот на претседателот на денешната средба на генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Кирил Божиновски и Андреј Петров. Во соопштението е упатен повик до двете партии да се изјаснат за предлогот за комисијата што поскоро да започне со работа.
Камбовски е актуелен претседател на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
XS
SM
MD
LG