Достапни линкови

Затворите и натаму нехумани и понижувачки


Евроамбасадорот Аиво Орав и претставници на невладината организација Центар за граѓански иницијативи на прес конференција на проектот финансиран од ЕУ „Социјална инклузија на лица кои издржале затворска казна“ и посетата на затворот во Прилеп.
Евроамбасадорот Аиво Орав и претставници на невладината организација Центар за граѓански иницијативи на прес конференција на проектот финансиран од ЕУ „Социјална инклузија на лица кои издржале затворска казна“ и посетата на затворот во Прилеп.

Во поголемиот дел од полициските станици просториите за задржување делумно или воопшто не ги исполнуваат стандардите, во затворите постои пренатрупаност, а притворените лица поминуваат и по 23 часа затворени во простории каде условите се нехумани и понижувачки се наведува во Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам на Народниот правобранител.

Ни напред, ни назад. Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам на Народниот правобранител укажува на статус кво ситуација во однос на правата на лицата кои се лишени од слобода или имаат ограничувања на нивната слобода на движење.
Има случаи кадешто при наше констатирање на слабости без разлика дали се од аспект на услови или третман, состојбите се подобрени. Но за жал, како што и реков, има и такви случаи кадешто во последователните наши посети сме наишле не само на нереализација на нашата препорака, туку и на полоши состојби.
Иџет Мемети, народен правобранител.

На потребата од подобрување на условите во кои престојуваат лицата лишени од слобода, постојано укажуваат и релевантни меѓународните институции.

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека Националниот превентивен механизам има за цел да ги согледа состојбите, а надлежните институции утврдените слабости да ги санираат.
Затвор илустрација.
Затвор илустрација.

„Има случаи кадешто при наше констатирање на слабости без разлика дали се од аспект на услови или третман, состојбите се подобрени. Но за жал, како што и реков, има и такви случаи кадешто во последователните наши посети сме наишле не само на нереализација на нашата препорака, туку и на полоши состојби.“
Органите и установите кадешто лицата се лишуваат од слобода не секогаш навремено доставуваат одговори по поднесените извештаи на народниот правобранител. Националниот превентивен механизам до сега нема добиено ниту еден одговор од Министерството за здравство.
Иџет Мемети, народен правобранител.

Седумнаесет полициски станици, девет казнено-поправни установи, три психијатриски болници биле дел од превентивните посети на тимот на Национален превентивен механизам. Притоа констатирале дека во поголемиот дел од полициските станици просториите за задржување делумно или воопшто не ги исполнуваат стандардите, во затворите постои пренатрупаност, а притворените лица поминуваат и по 23 часа затворени во простории каде условите се нехумани и понижувачки.

Тимот забележал и слабости во водењето на здравствената заштита во тие установи, а во психијатриските болници биле забележани несоодветни услови за сместување на пациентите и недостиг на кадар за задоволување на потребите на пациентите. Народниот правобранител зборуваше и за отвореноста на органите со Националниот превентивен механизам.

„Органите и установите кадешто лицата се лишуваат од слобода не секогаш навремено доставуваат одговори по поднесените извештаи на народниот правобранител. Националниот превентивен механизам до сега нема добиено ниту еден одговор од Министерството за здравство.“

Во изминатата година од вкупно 50 препораки на Националниот превентивен механизам, 15 биле спроведени целосно, 11 делумно, а 24 воопшто не биле спроведени. Истиот тим дал уште нови 65 препораки кои треба да ги подобрат констатираните состојби.

Препораките за подобрување на состојбите во оваа област се содржани во годишниот извештај на Народниот правобранител. Инаку Националниот превентивен механизам има за цел редовно да го испита постапувањето кон лицата лишени од слобода со цел превенција од тортура или друг вид на сурово и нечовечко однесување, како и да дава препораки на релевантините органи со цел да се подобри постапувањето со тие лица.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG