Достапни линкови

logo-print

Транспарентност со критика за трошењето на народни пари


Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија

Ана Јаневска Делева, извршен директор на Транспарентност Македонија

Транспарентост Македонија во најновиот извештај упати критика до Државната комисија за спречување на корупцијата за двојните стандарди при проверката на имотната состојба на функционери во зависност од нивната политичка припадност. Според извештајот, комисијата ја доведува во прашање смислата на постоењето, бидејќи нема доверба кај граѓаните и ја злоупотребува својата функција за потребите на владејачката гарнитура.
Во извештајот се повикуваат надлежните институции да преземат мерки за за нерационално и незаконско трошење на парите на граѓаните за проектот „Скопје 2014“. Од Транспарентоност Македонија бараат и податоци за тоа колку народни пари се потрошени на владините роуд шоуа.
Од организацијата го повикуваат премиерот Никола Груевски да ги објасни причините поради кои Македонија, под негово долгогодишно раководство, повеќе не е демократска земја во областа на слободата на медиумите. Од организацијата ја повикуваат владата веднаш да го повлече предложениот Закон за медиуми.
XS
SM
MD
LG