Достапни линкови

СДСМ и сенката на Црвенковски


Архивска фотографија: Предизборен митинг на опозицискиот Сојуз за иднината предводен од СДСМ во Скопје на 17 март 2013 година.
Архивска фотографија: Предизборен митинг на опозицискиот Сојуз за иднината предводен од СДСМ во Скопје на 17 март 2013 година.

Сите мислеа дека Никола Груевски ќе биде марионета во рацете на Љубчо Георгиевски, но многу брзо се покажа дека тоа не испадна така, вели универзитетскиот професор Здравко Савески.

Актуелниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски по завршувањето на локалните избори немал никаков јавен настап, не дава интервјуа и изјави за медиумите, и така и ќе остане до завршувањето на Конгресот за избор на нов лидер на 2 јуни. Тој тоа впрочем го вети пред Централниот одбор на партијата и ќе се држи до ветувањето. Ова е одговорот што го добивме од СДСМ на нашиот обид да добиеме коментар од Црвенковски за фактот што е предложен за претседател на партијата од најголемиот дел на општинските организации и дали е можно сепак да ја прифати кандидатурата и покрај тоа што претходно најави дефинитивно повлекување од челната позиција на СДСМ.
Тоа го покажува и примерот на ВМРО-ДПМНЕ и изборот на Никола Груевски за лидер на партијата. Сите мислеа дека Никола Груевски ќе биде марионета во рацете на Љубчо Георгиевски, но многу брзо се покажа дека тоа не испадна така.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Дали новиот партиски лидер ќе успее да излезе од сенката на Црвенковски најмногу ќе зависи од капацитетот на човекот што ќе биде избран, согласни се нашите соговорници, универзитетскиот професор Здравко Савески и аналитичарот Алберт Муслиу.

Тоа е работа на индивидуална иницијатива. Ќе зависи од тоа како идниот претседател на СДСМ ќе се однесува, каква екипа ќе избере, каков ќе биде неговиот пристап и стратегијата. Секако е тешко да се излезе од сенката на претседателот на СДСМ, кој веќе е и синоним на СДСМ, но верувам дека со напорна работа и со активности ќе може да се избори за свое место на политичката сцена.
Алберт Муслиу, аналитичар.
Четворица кандидати што сакаат, а 13 кандидатури за лидер на СДСМ пристигнале од општинските организации. Партиските потпретседатели Зоран Заев и Зоран Јовановски, координаторот на пратеничката група и член на извршниот одбор на партијата Игор Ивановски и поранешниот сдсмовски функционер Кире Наумов сами си ги поднесоа кандидатурите за претседателското место за СДСМ, а за Бранко Црвенковски кандидатурата ја поднесе Иницијативниот одбор составен од партиски членови кои сметаат дека досегашниот лидер треба да остане на чело на партијата, иако тој најави дека нема да се кандидира за нов мандат. Од општинските организации меѓу другите се предложени и Тања Томиќ, Зоран Дамјановски, Стево Пендаровски и Александар Наумовски, но тие рекоа дека нема да ја прифатат кандидатурата.

Јовановски и Ивановски важат за луѓе блиски до Црвенковски. Јовановски ја има поддршката на другите двајца потпретседатели на партијата, Гордан Георгиев и Ана Павловска Данева. Заев во минатото беше близок до Црвенковски, кој од позицијата претседател на државата го аболираше во случајот Глобал, но пред локалните избори во медиумите се појавија информации за несогласувања меѓу нив, особено поради инсистирањето на Заев да се учествува на изборите. Тој ја има поддршката од Радмила Шеќеринска за која најави дека ќе биде партиски потпретседател, ако тој биде избран за лидер. Кире Наумов е единствениот кандидат кој не е дел од партиското раководство. Тој порано беше беше советник за економски прашања на Црвенковски кога сè уште актуелниот претседател на СДСМ беше премиер и претседател на државата, а потоа беше и директор на Агенцијата за разузнавање.

Професор Здравко Савески вели дека главните фаворити за лидер на СДСМ се блиски до Црвенковски, но оти тоа не мора ништо да значи.

„Тоа го покажува и примерот на ВМРО-ДПМНЕ и изборот на Никола Груевски за лидер на партијата. Сите мислеа дека Никола Груевски ќе биде марионета во рацете на Љубчо Георгиевски, но многу брзо се покажа дека тоа не испадна така“, вели Савески.

Со сличен став и аналитичарот Алберт Муслиу.

„Тоа е работа на индивидуална иницијатива. Ќе зависи од тоа како идниот претседател на СДСМ ќе се однесува, каква екипа ќе избере, каков ќе биде неговиот пристап и стратегијата. Секако е тешко да се излезе од сенката на претседателот на СДСМ, кој веќе е и синоним на СДСМ, но верувам дека со напорна работа и со активности ќе може да се избори за свое место на политичката сцена.“

Савески вели дека кадровската промена не е најбитна туку дека на СДСМ му треба темелна идеолошка промена, односно да стане вистинска социјалдемократска партија што ќе може да ги привлече сиромашните гласачи.

Листата со кандидати за претседател на СДСМ треба да се официјализира денеска, а потоа почнува кампањата на кандидатите. На 2 јуни во Скопје 705 делегати ќе решаваат кој ќе биде новиот лидер на СДСМ.

Заминувањето на Бранко Црвенковски е тема и во нашата рубрика Хајд Парк. Дали нешто ќе се промени во најголемата опозициска партија, СДСМ, по заминувањето на долгогодишниот лидер? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Хајд Парк - Каков ќе биде СДСМ без Бранко Црвенковски?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG