Достапни линкови

Депардие ќе снима два филма во Чеченија


Џерар Депардие во домот на Рамзан Кадиров во Грозни

Џерар Депардие во домот на Рамзан Кадиров во Грозни

Францускиот актер Џерар Депардие планира да да снима два филма во руската кавказска република Чеченија. Во еден од филмовите под наслов „Татковото срце“ тој, како што се дознава, би требало да го игра починатиот претседател Ахмад Кадиров, татко на сегашниот чеченски лидер Рамзан Кадиров. Во февруари годинава Депардие, откако доби руско државјанство, ја посети Чеченија. Притоа Кадиров му подари луксузен апартман.
XS
SM
MD
LG