Достапни линкови

Дачиќ: САД се за српските евроинтеграции


Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој е во посета на Вашингтон, изјави дека американската администрација изразила поддршка за српските евроинтеграции и ќе го употреби своето влијание во текот на јунскиот совет на Европската Унија. Дачиќ вчера во Вашингтон се сретна со американскиот потпретседател Џо Бајден и со заменик државниот секретар Вилијам Барнс. „Разменивме мислења и за состојбата во регионот. Многу е важно регионот да биде регион на мир и на европски вредности и затоа позитивно се оценети сите чекори во таа насока. Тоа е еден од начините за целосна нормализација на односите на Балканот“, изјави Дачиќ.
XS
SM
MD
LG