Достапни линкови

Врховниот суд не се согласува со предлозите на Морси


Египетскиот Врховниот судски совет нема да учествува на конференцијата за владината судска реформа со која се предвидува контроверзен закон според кој околу илјада судии ќе треба да се пензионираат. Поддржувачите на претседателот Мохамед Морси сметаат дека со таа реформа ќе се исчисти судството од судии кои порано биле поддржувачи на режимот на Хосни Мубарак затоа што ја поткопуваат траницијата кон демократија. Многу од судиите сметаат дека реформа во нивниот сектор е потребна, но не сакаат таа да ја спроведе ниту парламентот ниту претседателот, затоа што, како што велат, Морси се обидува да ја преземе контролата и се меша во независноста на судството, јавува новинската агенција Асошиетет прес повикувајќи се на судски извори.
Во обид да се изнајде компромис Морси предложи оддржување на „правосудна конференција“ на која судиите ќе предлагаат реформи.
XS
SM
MD
LG