Достапни линкови

Неуспешна рунда преговори за иранската нуклеарна програма


Меѓународната агенција за атомска енергија не успеа да постигне договор со иранските преговарачи за да можат специјални известувачи од ОН да спроведат инспекција на локациите кои се дел од спорната нуклеарна програма на Техеран. Ова беше 10- ти состанок меѓу агенцијата и Иран во последнава година ипол. Истрагата за контроверзната програма е прекината пред повеќе од 5 години затоа што Техеран смета дека одговорил на сите прашања на кои морал да одговори и тоа е доволно. Претставникот на агеницјата изјави дека и покрај сите вложени напори преговорите се безуспешни но агенцијата не се откажува од обидите да постигне договор со Техеран. Иранкиот преговарач пак вчерашните разговори ги нарече „ конструктивни“.
XS
SM
MD
LG