Достапни линкови

logo-print

Студентски протести во Турција


Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера стотиците студенти, кои вчера се обидуваа да одржат протестен марш пред Министерството за надворешни работи во знак на протест против владината политика кон Сирија.
Студентите од три универзитети во Анкара беа спречени од полицијата да стигнат со протесниот марш до зградата на Министерството.
Организацијата за човекови права Бианет соопшти дека околу 30 студенти се приведени, а најмалку двајца се повредени.
Протестот е одржан по експлозијата на два автомобила-бомби во саботата во турскиот град Рејханли во близина на сириската граница, во кои загинаа 51 лице. Владата за нападите обвини група поврзана со сирискиот режим. Многумина во Турција ја обвинуваат Владата на Реџеп Таип Ердоган дека ја довела земјата во опасност со отворената поддршка на оружениот бунт во Сирија.
XS
SM
MD
LG