Достапни линкови

Ештон се сретна со Џалили


Еврокомесарот за надворешна политика Кетрин Ештон изјави дека имала „корисна“ дискусија со иранскиот шеф на преговарачкиот тим за нуклеарната програма Саед Џалили, но не соопшти дали има планови на нова рунда преговори. Таа како претставник на шестпартитниот тим, по средбата во Истанбул изјави само дека „ќе останат во контакт“. Во преговорите двете страни заземаат дијаметрално различни страни, САД, Русија, Германија, Франција, Британија и Кина бараат од Иран да се откаже од програмата за збогатување со ураниум за да биде ослободен од санкциите, додека пак Иран бара да му се „признае правото “ на нуклеарна енергија и да се укинат санкциите.
Pретходно вчера во Виена, Иран и претставници на меѓународната агенција на нуклеарна енергија не успеаа да се договорот околку истрага и инспекцијата во Техереан на спорните локации во земјата.
XS
SM
MD
LG