Достапни линкови

logo-print

Само за нивните очи


Арангел Ангов, експерт за слободен софтвер и хактивист, основач на Слободен софтвер Македонија.

Арангел Ангов, експерт за слободен софтвер и хактивист, основач на Слободен софтвер Македонија.

Прашањето е дали со дополнувањата на законите за електронски комуникации, предлог-законот за навреда, клевета и граѓанска одговорност и најновиот предлог-закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, владата сака постојатно да ги следи нашите електронски комуниикации и да го контролира тоа што ќе се објавува онлајн, пишува експертот за слободен софтвер Арангел Ангов во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Сигурен сум дека бар поголем дел од читателите родени пред 90-тите години го имаат гледано познатиот филм направен според романот на Џорџ Орвел, „1984“, приказната за држава во постојана војна. Граѓанските права се целосно суспендирани, пропагандата е насекаде, на работните места, во домовите, во ходниците.
Обидите на владата (која што досега барем во собранието во многу случаи ја добиваше и поддршка од пратеници од опозицијата) по секоја цена во неколку посебни закони и дополнувања на закони во последните неколку години се обидува да ги протне мерките кои што ќе им овозможат на државните институции да го заобиколат судскиот систем во Република Македонија и да добијат постојан и директен пристап до електронските комуникациски мрежи како и услови за самостојно преземање на податоците за сообраќај од телекомуникациските оператори.

Луѓето живеат под постојан страв од следење и прислушкување, најмалата девијација од тоа што треба да претставува граѓаниот, во овој случај роб на малкуте моќници на врвот, се луѓето кои што размислуваат поинаку и затоа тие ќе бидат мачени и казнувани се додека не бидат скршени и не се втопат во масата со исперени мозоци која што само го слуша и спроведува тоа што ќе го каже големиот брат. За жал денешната ситуација во Македонија се повеќе почнува да наликува на страшната приказна од „1984“.

Обидите на владата (која што досега барем во собранието во многу случаи ја добиваше и поддршка од пратеници од опозицијата) по секоја цена во неколку посебни закони и дополнувања на закони во последните неколку години се обидува да ги протне мерките кои што ќе им овозможат на државните институции да го заобиколат судскиот систем во Република Македонија и да добијат постојан и директен пристап до електронските комуникациски мрежи како и услови за самостојно преземање на податоците за сообраќај од телекомуникациските оператори.

Да поедноставиме, ова значи 24/7 надгледување на комуникациите на сите граѓани, ова не само што е возможно туку и прилично лесно и евтино, кога веќе еднаш ја имате набавено опремата и софтверот. За вакво нешто во повеќето земји во светот е потребен судски налог од истражен судија и тоа само во случај кога се работи за тероризам, педофилија, организиран криминал и сл. За жал кај нас уште пред неколку години од провајдерите на телекомуникациските услуги, уште пред да помине тогашниот нов предлог-закон за електронски комуниикации, од страна на одредени институции беше побарано истите да набават опрема која што ќе им овозможи директен пристап на истите тие институции до сообраќајот на сите корисници.

Слична злоупотреба на ваквите технички мерки се забележани од страна на режимите во Либија и Египет, пред и за време на револуциите кои што се случија во овие две земји. По паѓањето на Хосни Мубарак во Египет, дисидентите кои што влегле во просториите на тајната полиција пронашле договор вреден 380.000 американски долари за лиценци за софтвер за шпионирање. Но фактот е дека дури 36 земји во светот, од кои што добар дел и земји членки на ЕУ го имаат набавено овој софтвер, тука влегуваат и Чешка, Унгарија, Бугарија, Австрија, Германија, Холандија итн. Она што останува нејасно е дали Министерството за внатрешни работи на Република Македонија или некоја друга владина институција го има набавено софтверот за шпионирање на мобилни телефони и компјутери познат како Финфишер.

Финфишер претстатува група на софтвери кои што се користат за надгледување на мобилни телефони, електронска пошта, интернет прелистувач па се до целосно преземање и контрола на Вашиот компјутер. Она што е познато е тоа што го објави истражувачката група Ситизен лаб од Универзитетот во Торонто во својот извештај насловен „Комерцијализација на дигиталното шпионирање: Само за нивните очи“, а тоа е дека од март годинава и во Македонија постои „Команд енд контрол“ Финфишер сервер, што во превод значи, сервер за собирање на сите податоци од жртвите, во случајов граѓаните кои што се шпионирани. Финфишер не е софтвер кој што можете да го симнете од интернет туку-така, се работи за софистициран и скап софтвер произведен од германската компанија „Еламан гмбх“ која што е во партнерство со британската групација „Гама груп интернешнл“, која што пак благодарение на македонскиот амбасадор во Сојузна Република Германија, според веб сајтот на Стопанската Комора на Македонија, барала заинтересирани компании и институции во Република Македонија за да им ги понуди своите производи. Серверот користи ИП адреса од пулот на Македонски Телеком, а сето ова можете да го откриете со едноставно внесување на неколкуте клучни зборови во пребарувачот на Гугл.
Прашањето е дали со дополнувањата на законите за електронски комуникации, предлог-законот за навреда, клевета и граѓанска одговорност и најновиот предлог-закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги (кој што предвидува креирање на агенција одговорна за одредување кои содржини смеат а кои не смеат да бидат објавувани на Интернет) владата сака постојатно да ги следи нашите електронски комуниикации и да го контролира тоа што ќе се објавува онлајн и дали со донесувањето и спроведувањето на овие закони Република Македонија во 2014 година само повеќе ќе и се доближи на орвеловата 1984?

Не успеав да најдам никаква информација за тоа кој во Македонија го има набавено и го користи овој софтвер за шпионирање на македонските граѓани, а за жал никој од традиционалните македонските медиуми, не вклучуваќи ги тука блоговите, твитер и сл. досега нема истражено ниту, пак, информирано што било за извештајот објавен од страна на „Ситизен лаб“. Постојат многу причини зошто овој софтвер е штетен и е под лупа на истражувачката група од Торонто веќе подолго време, а една од нив, како и што е наведено во извештајот, е фактот дека многу често се злоупотребува од страна на владите за следење и замолчување на граѓанските активисти или пак секој оној кој што не се согласува со политиките на одредена влада, конкретен пример за ова во извештајот е Бахраин.

Фондацијата Мозила веќе и се закани на групацијата Гама дека ќе преземе правни мерки против истата поради лажно претставување на дел од нивниот шпионски софтвер како копија на нивниот популарен интернет прелистувач Фајрфокс – ова значи дека Вашиот оперативен систем мисли дека извршува сосема легитимна копија на програмата Фајрфокс, но всушност се работи за програмата Финфишер која ги мами сите анти-вирусни и анти-спајвер програми дека таа всушност е Фајрфокс.

На 12 март 2013 година, организацијата „Новинари без граници“ ја стави компанијата Гама на листите „Непријатели на Интернет“ и „Дигитални платеници“ заедно со други компании кои што им продаваат производи на влади кои што потоа ги користат истите за нарушување на човековите права и слобода на пристап до информациите. Баш поради оваа причина и Викиликс објави „протечени“ интерени видеа и упатства изработени од страна на „Еламан гмбх“ во кои што детално се опишува процесот на работа на нивните производи.

Прашањето е дали со дополнувањата на законите за електронски комуникации, предлог-законот за навреда, клевета и граѓанска одговорност и најновиот предлог-закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги (кој што предвидува креирање на агенција одговорна за одредување кои содржини смеат а кои не смеат да бидат објавувани на Интернет) владата сака постојатно да ги следи нашите електронски комуниикации и да го контролира тоа што ќе се објавува онлајн и дали со донесувањето и спроведувањето на овие закони Република Македонија во 2014 година само повеќе ќе и се доближи на орвеловата 1984? И покрај опасноста која што не демне од постоењето на ваквиот сервер во Македонија, досегашниот интерес за оваа закана од страна на граѓанските здруженија и медиумите е на загрижувачки ниско ниво.
XS
SM
MD
LG