Достапни линкови

Жителите на Лисичане на протест за училиштето


Жителите на селото Лисичане се револтирани, бидејќи градоначалникот Исмаил Јаоски, како што тврдат, назначил нов в.д. директор, а покренал и постапка за трансформација на училиштето во подрачно.

Една недела преку 150 ученици од централното основно училиште Мирче Ацев во селото Лисичане во Општина Пласница не следат настава. Ова е одлука на нивните родители и жителите на селото, кои се револтирани, бидејќи градоначалникот Исмаил Јаоски, како што тврдат, назначил нов в.д. директор, а покренал и постапка за трансформација на училиштето во подрачно.
Месното население од село Лисичане протестира, бидејќи градоначалникот имаше поднесено барање за укинување на правен субјект на училиштето, а во исто време потоа неколку дена назначува в.д. директор од Општина Пласница. Тоа нас не иритира многу, бидејќи месното население не сака да го даде училиштето, сакаме и натаму да остане централно основно училиште.

Жителите сметаат дека така ќе им се загрози наставата на учениците на турски јазик, дека многумина жители на селото ќе останат без работа. Тие го обвинуваат Јаоски за политички реваншизам, зашто не го дале својот глас за него, на последните локални избори.
Градоначалник на општина Пласница Исмаил Јаоски.

Градоначалник на општина Пласница Исмаил Јаоски.


„Месното население од село Лисичане протестира, бидејќи градоначалникот имаше поднесено барање за укинување на правен субјект на училиштето, а во исто време потоа неколку дена назначува в.д. директор од Општина Пласница. Тоа нас не иритира многу, бидејќи месното население не сака да го даде училиштето, сакаме и натаму да остане централно основно училиште“, вели Авнија Бафтир, претседател на месната заедница на селото Лисичане.

Реагираат и другите жители, кои најавуваат дури и радикални чекори.
Воопшто не држи тоа дека политички или партиски го менувам директорот, на директорот му заврши мандатот, ако беше политички или партиски јас ќе го сменев пред четири години. Јас бев овде градоначалник и пред четири години и не го сменив. Пред да му заврши мандатот овде свикав собир на граѓани, со сите овие и многу повеќе, им кажав отворено, дајте, предложете човек за директор да поставиме, зашто му завршува мандатот и нема право по закон, истиот да биде директор.

„Доколку не именува директор ние сме спремни да бојкотираме и понатаму, а ако и понатаму не ги задоволува интересите на овој народ овде, дури се спремни да се оди и до отцепување од оваа Општина“, вели Мевљудин Нурески.

Жителите бараат на место на новоназначената директорка Селма Сејтоска, да остане досегашниот директор Ќемал Сами. Велат има одлични квалификации, целиот наставен кадар во училиштето предава на турски јазик и годинава треба да заврши и првата генерација ученици кои имаат комплетна настава на турски јазик.

Градоначалникот Јаоски категорично ги демантира обвинувањата.

„Воопшто не држи тоа дека политички или партиски го менувам директорот, на директорот му заврши мандатот, ако беше политички или партиски јас ќе го сменев пред четири години. Јас бев овде градоначалник и пред четири години и не го сменив. Пред да му заврши мандатот овде свикав собир на граѓани, со сите овие и многу повеќе, им кажав отворено, дајте, предложете човек за директор да поставиме, зашто му завршува мандатот и нема право по закон, истиот да биде директор“, истакнува Јаоски и додава дека в.д. директорката Сејтоска е од Турската демократска, а не од неговата партија, и дека е вработена во училиштето и предава турски јазик полни 7 години.

Јаоски тврди дека сите промени се резултат на почитување на законските регулативи, и трансформацијата на училиштето од централно во подрачно би се случила во втората фаза од децентрализацијата на Општината, а не сега. Јаоски додава и дека речиси 100 отсто од жителите во целата Општина се од турска националност, затоа тој ги отфрла и обвинувањата дека врши некаква етничка дискриминација на жителите. Додека тие најавуваат продолжување на протестот и го повикуваат Министерството и Владата да го решат проблемот, Јаоски најавува дека со решение од Просветниот инспекторат од утре ќе се поднесуваат прекршочни пријави против родителите кои нема да ги пуштаат учениците на настава, а казната како што рече е преку 1.000 евра.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG