Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Ирак, 10 жртви


Во серија на бомбашки напади во Ирак денеска загинале најмалку десет лица. Осум лица загинале, а исто толку биле повредени во експлозија на автомобил бомба во градот Киркук. Во истиот град во бомбашки напад биле повредени седум лица.Во напад на бомбаш самоубиец на контролен пункт загинал еден полицаец, а четири лица биле повредени. Во Мосул во друг напад загинало едно лице, а две биле повредени.
XS
SM
MD
LG