Достапни линкови

logo-print

Ирански пратеници против двајца кандидати за претседател


Акбар Хашеми Рафсањани и Есфандијар Рахим Машаеи

Акбар Хашеми Рафсањани и Есфандијар Рахим Машаеи

Иранските медиуми јавија дека некои од пратениците доставиле петиција до властите да им забранат на двајца претседателски кандидати да учествуваат на изборите. Околу 100 пратеници ја пратиле петицијата до изборниот совет за дискфалификација на поранешниот претседател Акбар Хашеми Рафсањани и Есфандијар Рахим Машаеи, кој е близок сојузник на претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Советот има рок до 23 мај да ја објави листата на кандидати за изборите на 14 јуни.
XS
SM
MD
LG