Достапни линкови

logo-print

Плевнелиев-на Бугарија и се потребни парламент и влада


Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев изјави дека земјата има потреба од парламент и влада, бидејќи во спротивно ќе тргне кон трајна дестабилизација. Тој на брифингот посветен на неговите активности по предвремените парламентарни избори на 12 мај најави дека во петок ќе разговара со четирите партии, што влегуваат во Народно собрание.
По консултациите ќе издаде указ за свикување на Народното собрание, не подоцна од крајот на мај. Плевнелиев потоа ќе ги почне консултациите за врачување на мандатот за состав на владата, а според Уставот мандатот прво ќе му го врачи на лидерот на најголемата парламентарна група.
XS
SM
MD
LG