Достапни линкови

Фатах и Хамас со влада на национално единство


Спротиставените палестински фракции Фатах и Хамас ветија дека ќе формираат влада на национално единство во рок од три месеци. Договорот беше постигнат за време на средбата во седиштето на египетската тајна служба во Каиро. Исламистичката милитанта фракција Хамас го контролира Појасот Газа, а Фатах е дел од западно палестинската власт на Западниот брег.
Териториите беа политички поделени откако Хамас насилно ја презема контролата врз Газа во 2007 година, по победата на изборите во претходната година.
XS
SM
MD
LG