Достапни линкови

Министерска средба за иднината на Артикот


Министрите за надворешни работи на осумте артички земји се сретнаа во шведскиот град Кируна да разговараат за проблемите предизвикани од климатските промени и зголемената стопанска активност на Артикот. Советот на Артикот беше формиран во 1996 година од страна на Русија, САД, Канада, Норвешка, Данска, Исланд, Шведска и Финска со цел да се заштити животната средина на Артикот и да се заштити од конфликти.
На средбата е донесена одлука да им се дозволи на Кина, Јапонија, Индија, Италија, Јужна Кореја, Сингапур и Италија да бидат постојани набљудувачи. Министрите усвоиле и договор за спречување и справување со нафтените дамки.
XS
SM
MD
LG