Достапни линкови

Евростат-9 земји од еврозоната во рецесија


Евростат соопшти денеска дека рецесијата во земјите од еврозоната влезе во шестото тромесечие. Според агенцијата, 9 од 17 земји членки на еврозоната се во рецесија. Најнова на листата е Франција. Рецесијата не е длабока како во 2008 година, но е најдолгата од кога е воведено еврото во 1999 година.
Економската активност во еврозоната во периодот јануари-март се намалила за 0,2 отсто во однос на претходното тромесечие кога забележала пад од 0,6 отсто.
XS
SM
MD
LG