Достапни линкови

Посетата на Самарас на САД веројатно ќе биде одложена


Посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас на Вашингтон, која беше планирана меѓу 2 и 4 јуни, веројатно ќе биде одложена, откако Белата куќа не ја потврди бараната средба од страна на Атина со американскиот претседател Барак Обама, пишува весникот „Етнос“.
Самарас денеска заминува во Кина, а потоа беше предвидено да ги посети и САД.
Американски претставници, според грчки извори, изјавиле дека поради преголема ангажираност на претседателот Обама е многу тешко, во тој период да се одржи средба со грчкиот премиер.
Според нив, американската страна е „отворена“ да разгледа други датуми за посета на Самарас во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG