Достапни линкови

Во Анкара самит Турција - Србија - БиХ


Во Анкара денеска се одржува самит Турција-Србија-Босна и Херцеговина на кој ќе биде усвоена и заедничка декларација.
Ова е трета трилатерална претседателска средба на Турција, Србија и БиХ.
На самитот ќе учествуваат домаќинот Абдула Ѓул, српскиот претседател Томислав Николиќ и членовите на претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ, Бакир Изетбеговиќ и Жељко Комшиќ.
Министрите за надворешни работи на земјите Ахмед Давутоглу, Иван Мркиќ и Златко Лагумџија минатата недела во Сараево одржаа подготвителен состанок, додека ресорните министри вчера потпишаа трилатерален Протокол за економска соработка.
XS
SM
MD
LG