Достапни линкови

Дриблерот Свонсон загина од камион на пат кон Бразил


Американскиот фудбалски навивач, кој се обиде со дриблање на топка да мине 16 илјади километри за да стигне до Бразил на Светското првенство во фудбал во 2014, почина откако го прегази камион.
42 годишниот Ричард Свонсон бил прегазен од камион на автопат во американската држава Орегон. Возачот не камионот не е обвинет.
Свoнсoн инаку тргна од Сиетел на 1 мај со хуманитарна цел да промовира донации за фудбалски топки за земјите во развој.
XS
SM
MD
LG