Достапни линкови

logo-print

Ештон ги покани Дачиќ и Тачи на нова средба


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ги повика премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи на состанок на 21 мај, со цел да го разгледаат спроведувањето на бриселскиот договор, постигнат во април, кој како што оцени, е од клучно значење. Брзата имплементација на договорот е од клучно значење и со нетрпение очекувам за тоа да разговарам со двајцата премиери, наведе Ештон во соопштението.
Разговорите меѓу тимовите на Белград и Приштина за имплементацијата досега не вродија со плод.
XS
SM
MD
LG