Достапни линкови

Ердоган одбива соработка со Сирија за истрагата во Рејханли


Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја исклучи можноста за соработка со Дамаск околу истрагата за нападите во турскиот град Рејханли на границата со Сирија, во кои загинаа повеќе од 50 лица. Пред да замине во посета на САД, Ердоган на аеродромот беше прашан што мисли за изразената готовност од страна на режимот во Дамаск за спроведување заедничка истрага во врска со извршените напади со автомобили-бомби во саботата. Тој истакна дека „станува збор за режим, кој не само што не е прифатен од сирискиот народ, туку води војна со него“. Турскиот премиер го нарече режимот на Башар ал Асад „нелегална структура, која ја употребува силата што ја има за да убива луѓе“.
Ердоган нагласи дека бројот на уапсените за нападите во Рајханли достигнал 13 лица и сите осомничени се турски државјани.
Турските власти за нападите обвинија марксистичка група, чие име не е соопштено, за која се тврди дека е поврзана со сириското разузнавање. Сирија демантира дека е поврзана со бомбашките напади.
XS
SM
MD
LG