Достапни линкови

logo-print

Двоен меѓународен притисок врз Иран


Иранската нуклеарна централа Бушер

Иранската нуклеарна централа Бушер

Иран денеска се соочува со меѓународниот притисок на два одвоени состанока во врска со неговата нуклеарна програма.
Во Виена, Меѓународната агенција за атомска енергија уште еднаш ќе го повика Иран да ја прекине опструкцијата на истрагата околу сомневањата дека Техеран сака да направи атомска бомба.
Подоцна во Истанбул високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон ќе се сретне со главниот ирански преговарач за нуклеарна енергија Саид Џалили. Оваа средба доаѓа по неуспешниот состанок меѓу шесте светски сили и Иран, одржан во Казахстан во април.
XS
SM
MD
LG