Достапни линкови

Шариф е за добри односи со сите земји


Наваз Шариф

Наваз Шариф

Сакаме добри односи со сите земји, вклучувајќи ги и САД, изјави новоизбраниот премиер на Пакистан Наваз Шариф по посетата на неговиот политички противник Имран Кан, кој е во болница поради повреда за време на изборната кампања. Шариф истакна дека сака решение за сите проблеми на земјата. Мислам дека ќе ги решиме проблемите на Пакистан со елеганција и дигнитет, додаде тој. Претходно, американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор му ја честита победата на Шариф на изборите. Обама му заблагодарил за неговата улога во мирниот трансфер на власта меѓу цивилните влади, што е значајна пресвртница во пакистанската демократија.
XS
SM
MD
LG