Достапни линкови

logo-print

САД: присвојувањето телефонски снимки поради безбедносни причини


Ерик Холдер

Ерик Холдер

Американската администрација смета дека е оправдано присвојувањето на телефонските снимки на репортерите и уредниците на Асошиетед прес, бидејќи целта на тој чекор била заштита на американски животи. Јавниот обвинител Ерик Холдер изјави дека министерството за правда тајно ги добило неколкумесечните снимки, како дел од истрагата за протекување на чувствителни безбедносни информации во новинската агенција.
Асошиетед прес го нарече овој случај „огромен и без преседан упад“ во новинарските активности.
Се верува дека акцијата на министерството за правда е во врска со истрагата за протокот на информации за Асошиетед прес на 7 мај 2012 година за приказната за контра терористичката операција во Јемен.
XS
SM
MD
LG