Достапни линкови

Од испитаните 300 огласи објавени во медиумите, во 162 имало дискриминаторски елементи по однос на пол, а во 64 по однос на возраст.

Комисијата за заштита од дискриминација спроведе истражување на работните огласи кои содржат елементи на дискриминација во текот на месец април. Од испитаните 300 огласи објавени во медиумите и од испитаните дискриминаторски елементи по однос на пол, возраст и лични карактеристики забележани се вакви наведени критериуми во 162 огласи.
Во 93 проценти, односно во 151 оглас за вработување се бара лице од женски пол, додека само во 7 отсто, односно во 11 огласи бараат вработувања на лица од машки пол. Она што е по однос на возраста е исто така многу дискутабилно, од вкупно 300 во 64 огласи е наведена возраста како критериум за основање на работен однос.

„Во 93 проценти, односно во 151 оглас за вработување се бара лице од женски пол, додека само во 7 отсто, односно во 11 огласи бараат вработувања на лица од машки пол. Она што е по однос на возраста е исто така многу дискутабилно, од вкупно 300 во 64 огласи е наведена возраста како критериум за основање на работен однос. Таму се различни, имаме до 23 години, до 25 години, до 40 години, една шарена слика.“

Во 20 од случаите побарана е и слика на апликантот за работа. Сето ова укажува на сериозни прекршувања при објавување на конкурсите за вработување, посочува Душко Миновски претседател на комисијата.
Комисијата за заштита од дискриминација.

Комисијата за заштита од дискриминација.


Анализата покажала и дека тие прекршувања се однесуваат во 80 проценти на приватниот сектор, а 20 проценти на државниот.

Еден од дополнителните проблеми е и честото ненаведување на огласувачот на работното место. По оваа анализа комисијата изготвила и неколку препораки како што се воспоставување на систем на контрола во процесот на барање
Огласот е услов за пријателот или роднината да се вработи, а да нема законска пречка, за да нема потоа законски последици.
работа, потоа обука на новинарите во почитувањето на човековите права во делот на работното законодавство, провирање на кодекс на однесување на работодавачите, промовирање на правилно објавување на огласите и доставување на овие препораки до релевантните организации. Сето ова со одредени рокови при што за непочитување би се пропишале казни.

Од друга страна, дел од експертите гледаат проблематичност во можностите да се делува на огласите во интерес на заштита на човековите права. Една од причините како што посочува професор Хасан Јашари е тоа што во земјава вработувањето не зависи од огласите и тие се објавуваат најчесто формално.

„Огласот е услов за пријателот или роднината да се вработи, а да нема законска пречка, за да нема потоа законски последици.“

Кај нас вработувањето е егзистенцијално и депресивно прашање, додава Јашари и тешко дека може да се реши со казнени мерки. Според него само со економски развој и проширување на пазарот на трудот може да се овозможи поголема улога на квалификуваноста при вработувањето.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG