Достапни линкови

Тенисерите ја „бркаат“ Втората Евро-африканска зона


Тениската репрезентација на Македонија.

Тениската репрезентација на Македонија.

Дали Македонија ќе успее да се пласира во Втората Евро-африканска зона во голема мера ќе зависи од ждрепката на турнирот во Сан Марино, вели селекторот на тениската репрезентација Дејан Маринковиќ.

Македонската тениска репрезентација наредната недела ќе има нов обид за прекин на, сега веќе, тригодишниот настап во најслабата, Трета Европска група од Дејвис купот, односно за пласман во Втората Евро - Африканска зона. За таков успех ќе биде неопходно да стигне до финалето на турнирот што од 22-ри до 25-ти мај се игра во Сан Марино. Таму ќе настапат 13 репрезентации, од кои, според селекторот Дејан Маринковиќ, половината имаат реални шанси за освојување на посакуваните први две позиции.
Има 5-6 репрезентации од кои две се на малку повисоко ниво, Грција и Грузија. И другите 4 репрезентации, да кажеме со едно слично ниво. Тука е Норвешка, Турција, ние сме тука, Црна Гора и помеѓу тие репрезентации треба да се бараат двете што ќе се пласираат во повисок ранкинг.

„Има 5-6 репрезентации од кои две се на малку повисоко ниво, Грција и Грузија. И другите 4 репрезентации, да кажеме со едно слично ниво. Тука е Норвешка, Турција, ние сме тука, Црна Гора и помеѓу тие репрезентации треба да се бараат двете што ќе се пласираат во повисок ранкинг“, рече Маринковиќ.

Покрај споменатите, во Сан Марино ќе настапат и селекциите на домаќинот, потоа на Албанија, Ерменија, Азербејџан, како и на Исланд, Лихтенштајн и Малта. Репрезентациите ќе бидат поделени во 4 групи, а победниците ќе се пласираат во полуфиналето, односно во финалните битки за двете визи за Втората Евро - Африканска зона. Селекторот верува дека можеме да стигнеме до таа битка, а прескокнувањето на последната пречка, ќе зависи и од тоа кој противник ќе ни го додели жребката.
Очекувањата се пред сè да одиграме на највисоко ниво што можеме во моментов, а дали тоа ќе биде доволно за пласман во повисок ранг ќе видиме. Ќе зависи многу и од ждребката, мислам дека ќе бидеме четврти носители, што може да ни овозможи полесен распоред во групата.

„Очекувањата се пред сè да одиграме на највисоко ниво што можеме во моментов, а дали тоа ќе биде доволно за пласман во повисок ранг ќе видиме. Ќе зависи многу и од ждребката, мислам дека ќе бидеме четврти носители, што може да ни овозможи полесен распоред во групата. Ако успееме да се пласираме во последниот (полуфинален) меч, каков противник ќе добиеме, бидејќи таму има неколку доста силни репрезентации, со доста добро рангирани играчи, како што се Грција и Грузија.“

Маринковиќ деновиве ќе го комплетира составот во кој сигурно ќе се најдат Шендрит Деари, Предраг Русевски и 16-годишниот дебитант Давид Мицевски. По отказот на Димитар Грабул, за четврти играч повторно во комбинација е нашиот најдобро рангиран тенисер Томислав Јотовски (1.279 – ти на АТП листата). И тој се заблагодари на првата покана, но селекторот се надева дека новите преговори ќе бидат успешни, по што би имале уште еден адут повеќе за исполнување на целта во Сан Марино.

„Ако настапиме со Јотовски, составот ќе биде многу сличен на тој од минатата година и адут ќе ни биде тоа што момците имаат веќе одредено искуство, веќе имаат одиграно натпревари. Дублот исто така ќе ни биде голем адут, затоа што Русевски има голем квалитет и искуство во игра на двојки“, истакна на крајот Дејан Маринковиќ.
XS
SM
MD
LG