Достапни линкови

Пријателите на Сирија ќе се сретнат во Јордан


Министрите за надворешни работи на „Пријателите на Сирија“

Јорданските власти соопштија дека групата „Пријатели на Сирија“, која е против режимот на претседателот Башар ал Асад ќе се сретне во наредната недела во Аман за да ги кординира позициите пред евентуалното одржување на мировна конференција предложена од САД и Русија.
На средбата ќе учествуваат министрите за надворешни работи на САД, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Британија, Франција, Германија и Италија.
XS
SM
MD
LG