Достапни линкови

СДСМ-ВМРО ДПМНЕ само сака да покаже конструктивност


СДСМ останува отворен за конструктивни предлози за експертската комисија за настаните од 24 декември, но за вакво крупно прашање нема намера да се докажува преку медиумите, реагираат од партијата на изјавата на Илија Димовски. Според СДСМ, владејачката партија сака јавно да покаже конструктивност, а предлага нешто што нема никаква логика. Од партијата наведуваат дека консензусот како механизам за одлучување, особено за настаните пред и на 24 декември, може да биде злоупотребен за блокада со која комисијата никогаш нема да ја заврши својата работа.
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од СДСМ да предложи претседател на експертската комисија и комисијата да одлучува консензуално.
XS
SM
MD
LG