Достапни линкови

logo-print

Притворен вработен во американската амбасада во Русија


Американската амбасада во Русија

Американската амбасада во Русија

Руските власти притвориле вработен во американската амбасада под обвинение дека наводно се обидел да регрутира припадник на руската тајна служба да работи за ЦИА. Тие соопштија дека мажот идентификуван како Рајан Кристореф Фогл бил пртворен во текот на ноќта, а потоа бил предаден на американската амбасада. Според нив, мажот работел тајно на функцијата трет секретар за политички работи во амбасадата. Американскиот амбасадор Мајкл Мекфаул одби да го коментира случајот за време на сесијата прашања-одговори на Твитер.
XS
SM
MD
LG