Достапни линкови

Азербеџан со воени вежби во близина на Нагорно Карабах


Азербеџан започна со воени вежби во близина на отцепениот регион Нагорно Карабах. Според соопштението, министерот за одбрана Сафар Абијев ги водел маневрите кои се очекува да траат до крајот на неделава.
Во минатата недела претседателот Илхам Алиев изјави дека Азербеџан сака да си го врати територијалниот интегритет и да го реши прашањето за Нагорно Карабах во согласност со меѓународното право. Азербеџан и Ерменија се во спор за Нагорно Карабах повеќе од две години.
XS
SM
MD
LG