Достапни линкови

Собранието законски штанца закони


Илустрација.

Илустрација.

Брзото носење закони за опозицијата е само спроведување на одлуките на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, додека, пак, пратениците од владејачкото мнозинство велат дека нема ништо спорно и дека постапките со кои се носат законите се уставни и не влијаат на квалитетот на законите.

Измени и дополнувања на законите за трговски друштва, за возила, за едношалтерски систем, за трговскиот регистар, за основање Државен универзитет „Гоце Делчев“ и Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле, законот за задолжување на Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој за изградба на делница од автопатот Коридор 10. Ова денеска се најде на мени во собраниските комисии пред пратениците по скратена постапка. Слична ситуација беше и вчера кога се донесоа голем број на закони без поголема дискусија.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат задача да ги спроведуваат одлуките на извршниот комитет, тие се само гласачка машина, треба да разликуваат само црвено од зелено копче, гласаат сè тоа што доаѓа како преглед од Владата без разлика дали се работи за квалитетни закони кои што навистина се во корист на граѓаните на Република Македонија.

Ваквиот начин на носење на законите, според опозицијата, е само спроведување на одлуките на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ додека, пак, пратениците од владејачкото мнозинство велат дека нема ништо спорно и дека постапките со кои се носат законите се уставни и не влијаат на квалитетот на законите.

Горан Мисовски од опозициската НСДП вели дека во континуитет во изминативе 7 години во собранието се носат закони кои исклучиво се за потребите на извршниот комитет на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој додава дека не се ни прави анализа дали бројот на донесени закони влијае и на квалитетот на законите.
Владата односно министерствата се оние кои што ги предлагаат законите, Собранието преку своите внатрешни процедури и комисиски расправи и пленарни седници во први и втори читања ги усвојуваат законите. Во таа смисла самата постапка гарантира вклученост на сите сегменти од процесот на носењето на законите, што од своја страна е се разбира некаков основен минимален стандард којшто гарантира извесен квалитет на законските акти кои што се усвојувале низ годините во Македонија.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат задача да ги спроведуваат одлуките на извршниот комитет, тие се само гласачка машина, треба да разликуваат само црвено од зелено копче, гласаат сè тоа што доаѓа како преглед од Владата без разлика дали се работи за квалитетни закони кои што навистина се во корист на граѓаните на Република Македонија.“

Од друга страна, пак, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Спасеновски вели дека Уставот на Македонија има предвидено постапка според која се носат актите во земјава.

„Во таа смисла владата односно министерствата се оние кои што ги предлагаат законите, Собранието преку своите внатрешни процедури и комисиски расправи и пленарни седници во први и втори читања ги усвојуваат законите. Во таа смисла самата постапка гарантира вклученост на сите сегменти од процесот на носењето на законите, што од своја страна е се разбира некаков основен минимален стандард којшто гарантира извесен квалитет на законските акти кои што се усвојувале низ годините во Македонија.“

Ивон Величковски од Либералната партија вели дека во изминатиов период е искористен периодот кога опозицијата не беше во собранието и многу закони без никаква дебата поминаа на прво и сега на второ читање, а според постапката сега не може да се интервенира во тој сегмент.

„Исто така се носат многу значајни закони за кои е потребна многу подолга подготовка и поголема јавна расправа и сериозна расправа во Собранието. Иако сум единствен пратеник од Либералната партија, сепак за оние прашања кои се наш таргет се обидов да дадам придонес и да повикам на повлекување на документи коишто може да предизвикаат сериозни последици натаму во економското живеење и слично.“

Спасеновски вели дека нема подолго и помалку долго разгледување на законските акти.

„Актите се разгледуваат врз основа на дефинирана процедура во уставот и во односните закони која што почива на начелото на поделба на власта, во овој случај на законодавна и извршна власт, тој однос го разгледуваме сега. Во таа смисла нема побрзо и помалку брзо туку има уставно и законско дефиниран начин на носење на закони.“

Величковски смета дека во последниов период се продлабочи праксата со која Собранието од контролор прерасна во извршител на извршната власт.

„Затоа мислам дека доколку не се интервенира во изборниот модел во начинот на избор на пратениците кои мора да ја вратат контролната улога, законодавната улога Собранието во спротивно се заканува една тивка промена на политичкиот систем кој од парламентарна демократија очигледно преминува во силна доминација на извршната власт.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG