Достапни линкови

Киев - одложена дебата за законот за антидискриминацијата


Во украинскиот парламент е одложена дебатата за новиот закон за антидискриминација поради протестите пред зградата на парламентот во Киев. Имено, околу 300 демонстранти носеа транспаренти на кои пишуваше "Ние сме мнозинство, и ние сме против хомосексуалците!" и "Не за хомосексуалците, Да за Семејството“, „Зачувај ја Украина!"
Демонстрантите, исто така дистрибуираа летоци велејќи: "новиот закон ќе овозможи прогон на сите оние кои изразуваат негативен став кон бракови од ист пол." Министерот за надворешни работи Леонид Кошара изјави дека целта на новиот закон е да се спречи дискриминација, вклучувајќи дискриминација и на сексуалните малцинства што е дел од договорот со Европската Унија за да се поедностави визниот режим за украинските граѓани.
XS
SM
MD
LG