Достапни линкови

Првата група курдски бунтовници пристигна во Ирак


Во Ирак пристигна првата група бунтовници која се повлече од Турција.
Станува збор за 15 членови на Курдската работничка партија кои пристигнаа во Харур, село во провинцијата Дохук во ирачки Курдистан.
Според договорот за мирно решавање на конфликтот во Турција околу 2.000 членови на ПКК треба да се вратат во своите бази во планините на Северен Ирак. Процесот на повлекување треба да заврши на есен.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повеќе пати повтори дека бунтовниците нема да бидат нападнати и од безбедносните сили додека се повлекуваат кон Ирак. Во 29 годишниот конфликт во Турција загинаа околу 45 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG