Достапни линкови

logo-print

Во Грција штрајк поради цивилната мобилизација за наставниците


Синдикатот на државните службеници АДЕДИ за денеска закажа 24-часовен штрајк како одговор на Владата за воведување цивилна мобилизација, при што училиштата нема да работаат.
Претходно грчката Влада воведе цивилна мобилизација за наставниците за да ги спречи со штрајк да го нарушат оддржувањето на приемните испити на факултетите, кои ќе бидат оддржани од 17 до 31 мај.
Владата третпат годинава Владата презема таква мерка, што е предвидена во случај на природна катастрофа или национална криза.
Синдикатите на наставниците планираа на 17 мај да почнат штрајк со почитување на минимум од процесот на работа. Тие се незадоволни од воведувањето на подолго работно време и недоброволно преместување на наставниот кадар.
Владата почна да врачува наредби за цивилна мобилизација за околу 85.000 наставници, што стапува во сила в среда.
XS
SM
MD
LG