Достапни линкови

Анџелина Џоли ги острани двете дојки поради висок ризик од рак


Холивудската актерка Анџелина Џоли откри дека била подложена на превентивна двојна мастектомија бидејќи се соочува со многу висок ризик од рак на дојка. 37-годишната актерка за нејзината одлука објави статија објавена во Њујорк тајмс насловена како "мојот медицински избор."
Џоли напиша дека имала "погрешен" ген познат како BRCA1, со што ризикот од рак на дојка бил зголемен за 87 проценти, а ризикот од рак на јајчник за 50 насто. Мајката на Џоли починала од рак на 56 години.
Актерката заради тоа напиша дека решила да биде проактивна и двете гради да и бидат отстранети.
Џоли изјави дека сега шансите за развој на рак на дојка кај неа се до 5 проценти. Таа има три родени деца и три посвоени деца со нејзиниот партнер, актерот Бред Пит.
XS
SM
MD
LG