Достапни линкови

САД - присвоени телефонски записи на Асошиетед Прес


Главниот Обвинител на САД Ерик Холдер

Главниот Обвинител на САД Ерик Холдер

Асошиетед Прес соопшти дека Американскиот Департмент за Правда тајно два месеца присвоил снимени телефонски записи на неговите репортери и уредници, што АП го нарече „масивен и без преседан упад во активностите на печатот“.
Претседателот на АП Гари Пруит вчера упати писмо со протест до Главниот Обвинител на САД Ерик Холдер, поради тоа што владата, според него, се обидела да дојде до информации без со ништо оправдана и специфична истрага.
АП соопшти дека Департментот за Правда известил дека од телефонски комапании биле земени снимки пред неколку месеци за 20 телефони на вработени во Асошиетед прес.
Владата не соопшти зошто тоа го направила. Официјални владини лица претходно изјавија дека Главниот Обвинител води кривична истрага во врска со протокот на информации за Асошиетед прес на 7 мај 2012 година за приказната за контра терористичката операција во Јемен.
XS
SM
MD
LG