Достапни линкови

Грчките синдикати на протести


Синдикатите на Грција прогласија национален штрајк поради граѓанската мобилизација што ја најави владата. Синдикатот на државните службеници ги повика граѓаните да се вклучат на протестот пред зградата на Парламентот денеска во 19 часот. Демонстрации ќе има во Солун, Патра и други градови. Претходно грчката влада, предводена од конзервативците, воведе цивилна мобилизација за наставниците за да ги спречи со штрајк да го нарушат оддржувањето на приемните испити на факултетите, што ќе се оддржат од 17 до 31 мај.
XS
SM
MD
LG