Достапни линкови

Нема бесплатен паркинг во Охрид


Иако локалните власти се заложија во центарот на Охрид да не се наплаќа за паркирање, сепак лица облечени во зелени униформи наплаќаат по 50 денари од час.

Во Охрид сè уште се наплаќа за паркирање 50 денари за еден час. Активностите на општинските власти по отстранување на наплатните пунктови и рампи не вродија со плод. Лица облечени во зелени униформи со фискални сметки во рака им наплаќаат за паркирање на сите оние кои своите автомобили ги паркираат во централното градско подрачје.
Првиот договор за закуп по задолжение на советот на општината јас имам обврска да го раскинам. Тоа подразбира дека тој договор нема никакво правно дејствие понатаму.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Советот на општина Охрид минатата недела усвои одлука со која се задолжува градоначалникот и новата локална власт да го раскинат еден од двата договори со сегашниот концесионер на паркинг просторите во Охрид, потпишан во јули 2012 година, додека за вториот договор потпишан на 1 март 2013 година ќе биде поведена судска постапка. Со него беше зголемен опфатот на улици каде се наплаќаше за паркирање.
Илустрација, паркирани коли.
Илустрација, паркирани коли.

Ние како опозиција му даваме поддршка на градоначалникот да ги преземе сите законски мерки кои му стојат на располагање, кој доколку имало такви работи да ги изнесе на виделина и да ги пријави соодветните органи. Советот на општината не е суд за да суди дали бил одреден договор штетен по Охрид и охриѓани.
Слободан Тунтев, советник од СДСМ во општина Охрид.
„Првиот договор за закуп по задолжение на советот на општината јас имам обврска да го раскинам. Тоа подразбира дека тој договор нема никакво правно дејствие понатаму. Во некоја идна постапка ќе треба да се даде тој паркинг простор на користење на некое од јавните претпријатија кои понатаму ќе стопанисуваат со нив, но онака како што мнозинството граѓани на Охрид тоа го бараат од нас. Тие забележуваат пред сè на високата цена за паркирање и ние мора да го почитуваме нивното мислење“, рече Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Градоначалникот Бакрачески рече дека на двапати и антикорупциската комисија побарала да се прекине постапката. Опозициониот советник од СДСМ Томислав Тунтев рече дека советот на општината не е суд за да суди дали склучените договори за концесионирање биле штетни или не.

„Ние како опозиција му даваме поддршка на градоначалникот да ги преземе сите законски мерки кои му стојат на располагање, кој доколку имало такви работи да ги изнесе на виделина и да ги пријави соодветните органи. Советот на општината не е суд за да суди дали бил одреден договор штетен по Охрид и охриѓани. За финансиските импликации кои ни беа речени дека биле штетни во информацијата за паркинзите, такви податоци не добивме. И ние врз основа на информацијата не можевме да заклучиме дека договорите се штетни за Охрид и охриѓани“, рече Тунтев.

Граѓаните и туристите со кои разговаравме велат дека плаќаат по 50 денари за еден час за да ги паркираат своите автомобили. Еден турист од Софија беше изненаден како цените за паркирање во бугарската метропола се пониски од Охрид.

„Во Софија за еден час во строгиот центар на градот е 2 лева или 60 денари, во периферните делови е 1 лев или 30 денари, додека во останатите делови е без пари. Во Охрид платив 50 денари за еден час“, рече еден турист од Софија.

Туристичката сезона се наближува, а проблемот со паркирањето во Охрид останува. Градот се соочува и со недостаток на доволен број паркинг места поради што во шпицот на туристичката сезона во градот се создава вистински хаос.
XS
SM
MD
LG