Достапни линкови

Побрзо спроведување на Конвенцијата за права на лица со инвалидност


Иако меѓународната Конвенција за правата на лицата со инвалидност е ратификувана уште во декември 2011 година, досега не се направени поголеми чекори во за нејзина имплементација.

Република Македонија ја има ратификувано меѓународната Конвенција за правата на лицата со инвалидност во декември 2011 година, но досега не се направени некои поголеми чекори во насока на имплементацијата. Оваа оценка ја изнесуваат претставниците на Сојузот на здруженијата за правата на лицата со инвалидитет во нашава земја. Конвенцијата која го опишува и начинот на примена на законите во една земја со голем интерес се следи и во внатрешноста од страна на оваа категорија на лица и нивните локални здруженија.
Досега нема некои поконкретни спроведувања на активностите, туку започнати се само одредени преговори и разговори. Ние се надеваме дека наскоро ќе има повеќе активности бидејќи на двегодишнината од ратификацијата на оваа конвенција, Македонија треба да достави извештај за сработеното до ОН.

На средбата што се одржа во Дебар по повод 20-годишнината од формирањето на здружението на лицата со инвалидност беше побарана побрза имплементација на оваа Конвенција. Генералниот секретар на Сојузот на здруженијата на лицата со инвалидност „Мобилност“ во Македонија, Соња Прчева, вели дека во Македонија во оваа сфера законите се добри, но тие, според неа, не се применуваат доволно.
Соња Прчева, генерален секретар на Сојузот на здруженијата на лицата со инвалидност во Македонија „Мобилност“.

Соња Прчева, генерален секретар на Сојузот на здруженијата на лицата со инвалидност во Македонија „Мобилност“.


Правата на оваа категорија лица се внесени во законите, но треба да се нагласи дека тие права многу малку се применуваат во пракса. Сметам дека имплементацијата ќе оди тешко бидејќи за примената на законите се потребни и дополнителни средства.
„Имплементацијата на Конвенцијата се следи од страна на едно национално координативно тело. Таа не предвидува некои нови права, туку објаснува на кој начин треба да се изедначат правата на инвалидизираните лица со другите лица. Значи изедначување на условите на живот и имањето на исти права во сите сфери. Сите Министерства кај нас треба да изготват акциони планови и тие треба да се спроведат. Нашиот Сојуз во таа насока ги следи тие планови, реагира и предлага иницијативи со цел да се подобри начинот на имплементација на конвенцијата. Но досега нема некои поконкретни спроведувања на активностите, туку започнати се само одредени преговори и разговори. Ние се надеваме дека наскоро ќе има повеќе активности бидејќи на двегодишнината од ратификацијата на оваа конвенција, Македонија треба да достави извештај за сработеното до ОН.“

РСЕ: Се очекува ли подобрување на правата на лицата со инвалидност во Македонија?

„Правата на оваа категорија лица се внесени во законите, но треба да се нагласи дека тие права многу малку се применуваат во пракса. Сметам дека имплементацијата ќе оди тешко бидејќи за примената на законите се потребни и дополнителни средства“, вели Прчева.

Здруженијата на оваа категорија лица во Дебар сметаат дека со ратификацијата и имплементацијата и примената на домашните закони ќе биде подобра. Особено се оценува дека ќе има подобрување во сферата на здравствените услуги и паричните надоместоци кои ги примаат инвалидизираните лица.

„Македонија ја ратификуваше Конвенцијата. Имплементацијата е долг процес, но ние бараме таа што побрзо да се примени. И ние инвалидизираните лица во Македонија да ги почувствуваме сите добра што ни следат“, вели Буран Бала, претседател на дебарското здружение на лица со инвалидитет во Дебар.

На дебарската средба на лицата со инвалидитет и претставниците на другите здруженија од земјава имаа слични погледи и барања за побрза имплементација на Конвенцијата на правата на лицата со инвалидитет.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG