Достапни линкови

logo-print

Петтиот канал – еколошки проблем во битолско


При обилни дождови нечистата вода им ги поплавува нивите на селаните од пограничните битолски села, а од неа се напојува и стоката.

Неколку стотици жители од пограничните битолски села Кравари, Бистрица, Оптичари, Егри, Поешево и други, се жалат дека од смрдеата на Петтиот канал не можат да дишат. Тие со години живеат во страв од зарази зашто каналот со отпадни и фекални води им минува крај дворовите и нивите. При обилни дождови нечистата вода им ги поплавува нивите, а од неа се напојува и стоката.
Има голема смрдеа. Од неа луѓето не можат да излезат од дома. Во близина на каналот во Крвари има куќи, училиштето, црквата.[...] Петтиот канал поплавува, ги поплавува и нивите.

„Има голема смрдеа. Од неа луѓето не можат да излезат од дома. Во близина на каналот во Крвари има куќи, училиштето, црквата. Имаме барано да се стави пречистителна станица. Нечистотијата доаѓа од отпадните води од фабриките во Битола. Петтиот канал поплавува, ги поплавува и нивите“, вели Љубе Најдовски од Кравари.

„Стоката од каналот пие вода, а во него завршува канализацијата од населбите Кравари, Буковска населба. Ова придонесува да се намали и бројот на стоката. Обилните дождови кога беа каналот се прелеа. Го чистеа пред две-три години, но нечистотија има голема и пак се затнува“, вели неговиот соселанец Јосиф Стевовски.

Каналот прерасна во депонија, а за тоа вина носи и дел од локалното население кое никако да се ослободи од лошите навики ѓубрето да го истура по каналите и речните корита.

Од Водостопанското претпријатие „Битолско поле“, кое со работа започна неодамна по долгата стечајна и ликвидациона постапка, велат дека каналот ќе се чисти годинава. Од општината, пак, велат дека преку ИПА програмата е почната постапка за изработка на физибилити студија за пречистителна станица која ќе биде готова за три години.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG