Достапни линкови

Самсунг успешно ја тестираше 5Г мрежата


Самсунг Електроникс соопшти дека успешно ја тестирале петата генерација на бежична технологија која е неколку стотици пати побрза од 4Г мрежата. Според соопштението, тестовите покажале дека фајл од еден гигабајт може да се пренесе за една секунда на одалечност од два километри.
Јужнокорејскиот гигант смета дека новата техологија ќе им овозможи на корисниците да даунлоудираат цел филм за една секунда. Според компанијата, новата техологија нема да биде достапна на пазарот до 2020 година.
XS
SM
MD
LG